Два големи пожари кај Дубровник: Огнот брзо се прошири/ВИДЕО

1006
Фото: screenshot Vatrogasci - 193

Во близина на Дубровник синоќа избувнаа два пожари – едниот над Мали Жала, а другиот во градот Солине во Жупа Дубровник, каде пожарот им се заканувашеи на куќите.

Пожарникарите реагирале веднаш и благодарение на нивните напори во текот на ноќта куќите се успешно одбранети од огнената стихија.

Утрово ситуацијата се уште не е целосно решена. Пожарот над плажата Мали Жали во Дубравица се уште не е изгаснат, но е ставен под контрола. Изгореа 45 хектари шума, а 25 пожарникари се уште работат на терен.

Пожарникарот на Дубровничко-неретванската жупанија Стјепан Симовиќ истакна дека ситуацијата е напорна и дека пожарот брзо се проширил, но храбрите пожарникари храбро интервенирале и ја бранеле секоја куќа загрозена од пламените јазици.

„Пожарот се прошири многу брзо и им се закани на куќите. Така во текот на ноќта,  успеавме да дојдеме со возилата и да бидеме околу секоја куќа. Се оди побавно, теренот е многу тежок. Активна е и источната страна која во моментов ја гасиме“, изјави Симовиќ.

Сега со помош на канадерите се надеваат дека ситуацијата ќе биде ставена под контрола и дека пожарот целосно ќе биде изгаснат.