Секој може да отвори сметка на OnlyFans и да почне да заработува, но секако не секој има желба, слобода и храброст да креира содржини за возрасни со снимање на сопственото тело. Но, факт е дека секој ден има се повеќе луѓе кои во желба за „лесни“ пари се соблекуваат, застануваат пред камери и споделуваат такви работи со претплатниците кои се претплатат на нивниот канал на оваа страница за возрасни.
Секако, многу полесно е да се дојде до голем број претплатници за популарните луѓе, особено спортистките, кои не можат да одолеат на шармот на социјалните мрежи, па секојдневно објавуваат провокативни фотографии. Една од нив е 21-годишната романска кошаркарка Дарија Чипер, која настапува за Ден Дачијан во Букурешт.
Дарија неодамна отвори профил на OnlyFans, а популарна е и во својата земја бидејќи годинава учествуваше во „Survivor“. Таа, исто така, ја одржува својата совршена физичка форма со танцување, како хип-хоп танчарка на академијата Trouble.
Неодамна таа и се претстави на OnylFans и тоа со многу провокативна порака:
„Здраво, драги мои. Јас сум Дарија, професионален модел и кошаркар. Ако сакате девојки со голем задник и долги нозе, јас сум идеалната девојка за следење. Тука сум да ви помогнам со сите ваши фантазии. За видеа, фотографии и персонализирани содржини пишете ми приватна порака”, стои во огласот на Дарија Чипер на споменатата мрежа.
Нејзината содржина на Onlyfans е приватна, а Дарија Чипер наплаќа 4,85 долари за 30 дена, додека луѓето плаќаат 70 долари за годишна претплата на нејзиниот канал.