Денеска околу 01.35 часот на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ч.Ш.(20) од Скопје.
-При преглед во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол“ со празна рамка и куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.