Необична сцена е снимена неодамна во Сутоморе, кога белграѓанец ја запросил својата девојка во морето.
Имено, овој млад човек ја однел својата партнерка на возење со глисер, одвозеле недалеку од плажата и тука застанале, а потоа од водата со прстен излегол нуркач во моментот кога двојката седеле на чамецот и уживале во романтичната сцена.
Мажот ја зел и ја ставил на прстот на својата девојка, по што следело уште поголемо изненадување.
Пријателите на оваа двојка се појавија покрај брегот, палејќи факели во исто време и го направија целиот настан уште поспектакуларен.
Девојката веднаш се согласила и останале малку да седат во чамецот гушкајќи се.
Ова видео беше споделено на Фејсбук, и собра голем број на позитивни коментари.
– Среќно и долг живот!
– Стари среќно
– Честитки, се најдобро
Тие беа само дел од коментарите под оваа објава.