Секоја земја има свои закони, а некои ситни или малку покрупни задоволства, како скара на недозволено место или секс на плажа, би можеле да ве вратат дома со празен паричник. Ако ве понесат страстите, па посакате да водите љубов со партнерот во вода или на брегот, тогаш го нарушувате јавниот ред и мир, што се санкционира со парична казна од околу 150 евра во Хрватска до дури 500 во Шпанија. Во Турција може да ве казнат 100 евра за пушење на аеродром, додека пушење на јавно место, каде што е забрането, во Шпанија може да ве чини од 30 до 60 евра. Во Црна Гора, ако возите во алкохолизирана состојба, може да добиете казна од 70, па до 2.000 евра
Секоја земја има свои закони, а некои ситни или малку покрупни задоволства, како скара на недозволено место или секс на плажа, би можеле да ве вратат дома со празен паричник. Туристите треба да знаат дека казните се високи и треба да ги почитуваат правилата што важат на дестинацијата за безгрижно да го поминат летниот одмор. Во Португалија, може да ве казнат дебело доколку слушате гласна музика на некоја од плажите. Казните се движат помеѓу 200 и 4.000 евра за поединци, додека се поригорозни за групите – се движат од 2.000 до 36.000 евра.
Исто така, на португалските плажи не смеете да играте неовластени игри со топка, кампување надвор од камповите, риболов во областите за капење…
Во април оваа година, Шпанија забрани цигари на 28 свои плажи. Во овој поглед, сите плажи во Мајорка, Ибица и Менорка се прогласени за зони без пушење. Слични мерки беа воведени и во Барселона минатата година, каде што туристите се соочија со ризик од казни доколку бидат фатени како пушат цигари на плажите.
Неодамна, шпанските власти, исто така, нагласија дека патниците што се на одмор во земјата, може да се соочат со парични казни, кои надминуваат 200 евра доколку изберат да возат велосипед додека носат слушалки. Во Шпанија, парично ќе бидете казнети ако мокрите во морето или на плажа. Паричната казна изнесува 750 евра.
Во Шпанија се казнуваат и оние што не се соодветно облечени на улица, односно шетаат по костим за капење, како и мажите без маица. Шпанија најави и борба против отпадот, па така ќе казнува и туристи што оставаат отпад или носат скара на плажа. Забрането е и користењето сапун во морето. Туристите нема да може ниту да играат со палка и топка на плажа или да чуваат место со крпа.
Ако ве понесат страстите, па посакате да водите љубов со партнерот во вода или на брегот, тогаш го нарушувате јавниот ред и мир, што се санкционира со парична казна од околу 150 евра во Хрватска до дури 500 во Шпанија.
Во Хрватска, пак, оние што шетаат непрописно облечени, односно во костим за капење, ќе платат казна од 66, па до 332 евра.
И во Италија има повеќе ограничувања за туристите. За пешачење на некоја од забранетите плажи ќе платите казна од 500 евра, додека секој што ќе биде фатен како краде песок, ќе мора да плати и до 3.500 евра.
За купување производи без фискална сметка во Грција може да ве казнат и до 200 евра. Грците, инаку, се многу либерални кон туристите, но казнуваат кога е паркирано возилото непрописно среде пешачка зона.
Во Турција може да ве казнат 100 евра за пушење на аеродром, додека пушење на јавно место, каде што е забрането, во Шпанија може да ве чини од 30 до 60 евра.
Во Црна Гора, ако возите во алкохолизирана состојба, може да добиете казна од 70, па до 2.000 евра.
(А.С.)