Американскиот претседател, Џо Бајден, познат по честите гафови за време на своите говори, овој пат навистина направи непростлива грешка.
Имено, Бајден на Самитот на НАТО во средата, украинскиот претседател Володимир Зеленски, го нарече со името на неговиот непријател Путин – Владимир.
„Владимир и јас…“, рече тој за време на прес-конференцијата во Вилнус, и пред да продолжи со говорот, се поправи: „Господин Володимир Зеленски и јас“.