„Роња, ќерката на ограбувачот“ – најдобра претстава на Которскиот фестивал на театри за деца

97

„Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, на 31. „Которски фестивал на театри за деца” што се одржа од 2 до 12 јули, се закити со наградата – најдобра претстава. Наградата, што ја доделува жирито на Град Котор, „Роња, ќерката на ограбувачот“ ја доби поради: „компактна игра и синергија на актерите, куклите и музиката“.

Претставата премиерно беше изведена на 26 декември лани, а се закити со првата награда на „Новосадските театарски игри”, кои се одржаа од 8 до 15 мај. Во Нова Сад, Србија „Роња, ќерката на ограбувачот“ доби гран при за најдобра претстава и наградата за најдобра анимација на кукли за актерката Матеа Јанковска која ја игра улогата на „Роња” во истоимената претстава.

Веднаш потоа претставата зеде учество на 25. Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“ во Крагуевац, Србија што се одржа од 16 до 18 мај каде се ги доби наградата за актерско остварување за Матеа Јанковска и за најдобра музика за Лазар Новков.

И 57. МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп, наградата за млада актерка и ја додели Матеа Јанковска за улогата на Роња.

Во претставата, покрај Матеа Јанковска, играат и Никола Наковски, Ангела Димитрова, Мики Анчевски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска – Силјановска.