СВР Тетово: За шест месеци пајак-службата подигнала 2382 непрописно паркирани возила

63

Од јануари до јуни 2023 година СВР Тетово бележи 2964 прекршоци кои се однесувале на непрописно паркирање, а кои биле соодветно заокружени со 1491 платен налог, 755 барања за поведување прекршочна постапка и 1473 опомени. Покрај ова, во координација со тетовската локална самоуправа, со пајак-службата во првото полугодие од годинава подигнати се 2382 непрописно односно погрешно паркирани возила.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со конкретна соработка со сите локални самоуправи на подрачјето, не само на сообраќаен план,  туку и за реализација на други секојдневни потреби и проблеми од интерес на граѓаните, превентивни, информативни, едукативни итн., информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Законски детерминираната соработка на СВР Тетово и локалните самоуправи на подрачјето, во изминатите шест месеци била реализирана и во рамки одобренијата за измена на сообраќаен режим.

-До СВР Тетово биле поднесени 14 барања за добивање согласност за измена на сообраќајниот режим, од кои само едно не е позитивно одговорено, бидејќи целосно не биле исполнети законските услови за тоа, а кое се однесувало за зонско паркирање на улицата „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово. Во шесте месеци, исто така, до СВР Тетово, односно Полициската станица Тетово, на барање од локалната самоуправа биле дадени 23 асистенции, додека поради непочитување на законските одредби во врска со определениот рок за поднесување на барањата, три асистенции не се одобрени, информираше Јосифоски