Легендарниот кошаркарски тренер Грег Попович во 74. година од животот го продолжи договорот со Сан Антонио и, како што соопшти НБА-тимот, ќе остане на клупата и во следните пет години. Попович, кој три пати беше прогласуван за тренер на годината во НБА-лигата, освои пет шампионски титули со Сан Антонио откако го презеде во 1996 година.
Ја предводеше и американската репрезентација до олимпиското злато на Игрите во Токио.
Сан Антонио не ги објави финансиските детали од договорот, но според ЕСПН, тој е во вредност околу 73 милиони долари.