Жезус откри какви понижувања трпел од Гвардиола

121
epa10150347 Gabriel Jesus of Arsenal FC reacts during the English Premier League soccer match between Arsenal FC and Aston Villa in London, Britain, 31 August 2022. EPA-EFE/TOLGA AKMEN EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Бразилскиот интернационалец, Габриел Жесус, изминатото лето се пресели од Манчестер Сити во Арсенал за 45 мил. фунти. Таквиот трансфер одекна како гром од ведро небо, но брзоногиот напаѓач направи се за да побегне од Пеп Гвардиола.

Една година подоцна, 26-годишниот Жезус реши да открие дека неговиот поранешен менаџер е исклучително тежок човек кој го доведе до солзи поради нелогичните одлуки.

Бразилецот падна во депресија поради одлуката на Гвардиола да му даде шанса на левиот бек Олександер Зинченко во нападот пред него на натпреварот од Лигата на шампиони.

На натпреварот од ЛШ против ПСЖ на домашен терен го стави Зинченко, кој е лев бек, на позицијата лажна деветка. Беше лудо бидејќи ден претходно на тренингот Зинченко воопшто не беше планиран и јас требаше да бидам во нападот. Тој сè уште се шегува со мене. Два часа пред натпреварот имавме состанок и се одморивме. Тој го објави почетниот состав. Не сакав повеќе да јадам. Заминав и плачев. Се јавив на мајка ми и и кажав дека само сакам да заминам од клубот. Човекот стави левиот бек како лажна деветка. Полудев! Не се загревав. Кулирав и не се чувствував добро. Мбапе даде гол за нив и ме повика Гвардиола. Јас асистирав и постигнав гол и победивме со 2:1, откри Жезус.

Бразилецот додаде дека бил жртва на многу нелогични одлуки на Шпанецот.

На друг натпревар бев убеден дека ќе играм, но не. Имаше многу такви ситуации со него. Воопшто не е лесно. Поради таквите работи решив да заминам. Не сакав да останам таму ниту еден момент, додаде Хесус.