Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок за неодамнешното палење на Куранот пред џамија во центарот на Стокхолм, соопштија денеска ОН.
Според портпаролот на светската организација, средбата најверојатно ќе се одржи оваа недела, пренесува Ал Џезира.
Се додава дека Советот за безбедност ќе одржи итна расправа поради „алармантното зголемување на верската омраза“.
Минатата недела се одржа протест на кој еден од двајцата организатори искина и запали копија од Куранот пред централната џамија во Стокхолм.
Додека околу 200 луѓе го следеа неговиот чин, демонстрантот прво ги искина страниците и ги избриша чевлите со нив, а потоа го стави Куранот на сланината и ја запали, потег што Турција и другите муслимански земји остро го осудија.