По објавата која се појави на Фејсбук, во која мајка на едно девојче ги известила жителите на Нови Сад дека нејзината ќерка продава крофни за да собере пари и да помогне во лекувањето на татко и, редот пред девојчето и нејзината маса за крофни секој ден е се подолг. Ништо различно не беше и вчера.
Како што може да се види на видеото објавено на Твитер пред масата на новосадскиот Плоштад Слобода, каде што малата Нина продава крофни, граѓаните стојат во редица долга неколку десетици метри.
„Драги мајки, ќерка ми реши да заработи во текот на летото. Се наоѓа пред продавницата Матиќ, речиси секој ден од околу 17 до 19 часот. Ќе ги доставиме и крофните на вашата адреса. Ако не ви се допаѓаат, ќе ви ги вратиме парите. А, кој сака да помогне, а не сака крофни, може да прати СМС порака за таткото на девојчето“, напишала тогаш мајката на Фејсбук.
Таа објава набрзо стана вирална и ја споделија голем број корисници на сите социјални мрежи.
Нина Нинковиќ почна да ги продава крофните што ги прави нејзината мајка за да собере пари за лекување на нејзиниот татко Зоран.
Нејзината челична волја ја препознаа многумина кои дојдоа во новосадска населба со цел барем малку да придонесат во борбата на Нина со купување крофна. Но, вчера тоа го направија многу поголем број луѓе.
Ovo je red svih onih koji su stali da kupe krofne od devojčice u NS. I povećava se. Do 21h ♥️ pic.twitter.com/5K6LIMf00t
— ♥️ Pure love ♥️ (@majkaprelepota) June 27, 2023
Како што можеше да се види синоќа во Нови Сад, големите дела се препознаваат на срце, па новосаѓани направија долга колона која се протега околу целиот главен градски плоштад, за да купат крофна од Нина.
– Прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнам на татко ми и да соберам пари за неговите лекови што е можно поскоро. Така почнав да продавам поради него – рече девојчето кое продаде 500 крофни во едно попладне.
https://twitter.com/FilipBalos1/status/1673741830301663263?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1673741830301663263%7Ctwgr%5E3aaa8b4be8e41975678d8e1a71df7d2018d15216%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fvideo-devojche-8-godishno-vo-novi-sad-prodava-krofni-za-da-sobere-pari-za-lekuvane-na-tatko-i%2F
Новосаѓани брзо се организирале и решиле да и помогнат.
– Покренавме иницијатива на социјалните мрежи да стапиме во контакт со сите кои би можеле да се придружат во правењето крофни, се со цел да се продаде што е можно повеќе и затоа побрзо да се соберат пари за лекување на таткото на Нина. Можеме да кажеме дека одзивот е задоволителен, а она на што се надеваме е да се приклучат што повеќе волонтери – изјави за „Блиц“ Стеван Бабиќ од новосадскиот „Крени – промени“.
View this post on Instagram
Инаку, таткото на Нина Зоран го изгубил видот во 2016 година поради откачување на мрежницата. Во март 2022 година повторно се случила аблација и била дијагностицирана офталмија и панувеитис, а со тоа бил загрозен животот на Зоран.
Тој оди на клиника и прима системска терапија, хемотерапија и имуносупресивни капки. По една година од појавата на фибрин, поради што видот му е заматен, се јавува изразена фотофобија. Се следи состојбата на целиот организам поради високи дози на хемотерапија.
Сега на Зоран му е потребна помош за да може да оди на лекување во Москва. Потребни се средства за понатамошна дијагностика, прегледи, анализи, набавка на лекови, лекување во земјата и странство, како и за патни трошоци и сместување.