Алергијата на полен е една од најраспространетите во овој временски период од годината. Проблем со ова имаат голем број луѓе, а главни симптоми се затнат нос, насолзени очи, но и кивање и болки во грлото.
Се наведува дека во речиси третина од случаите оваа алергија е толку силна што бара целосна промена на начинот на живот во текот на пролетта и летото.
Таа се нарекува и алергиски ринитис, а најчесто се појавува на рана возраст, иако сега има чести случаи да се појави и во подоцнежна возраст.
Како и со секоја друга алергија, главниот начин да се заштитите е да го избегнете алергенот што е можно повеќе, што е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но експертот за сон Сами Марго откри мал трик.
Треба да наполните чист чорап со ориз и да го ставите во микробранова печка 30 секунди, а потоа ставете го преку челото и очите, само внимавајте да не е премногу жешко. Ова ќе го намали притисокот во синусите предизвикан од алергијата на полен и на тој начин барем малку ќе ги олесни вашите симптоми.