Ќе се заловуваат бездомни кучиња во општина Центар

346

Од јавното претпријатие „Лајка“’ известуваат дека оваа работна недела ни вниот заловувачки тим ќе започне со стратешко заловување на територијата на општина Центар.

Тие ќе бидат во општина Центар до 30 јуни.

-Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овој реон а кое го нема поминато хуманиот третман –  потенцираат од претпријатието.

Заловувачкиот тим ќе ги посети населбите: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк.

Доколку граѓаните од гореспоменатата општина имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП „Лајка“, можат да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на info@lajka.com.mk