Ако во Македонија најголемиот број семејства вадат крај со крај за да издржат со своте финаксиски примања до крајот на месецот, во два швајцарски града воведуваат минимална плата која ќе изнесува 23,9 односно 24 швајцарски франци на ден. Со тоа се придружуваат на групата покраински кантони кои веќе ја регулираа висината на минималната плата на вработените граѓани.

Минималната плата вообичаено е решение во западните либерални демократии но минималните плати кои се воведуваат во Цирих и Винтертур предничат со висината. Се работи за износ од околу 4.000 швајцарски франци месечно што е околу 4.075 евра. За споредба, минималната плата во Германија е околу 2,7 пари пониска од таа во Цирих и Винтертур.

Само во Цирих околу 17 илјади лица заработуваат помалку ид 4.000 франци месечно. Тоа главно ги погодува работниците во малопродажба, хигиена и угостителство.