Опозицијата бара оставки, премиерот Димитар Ковачевски ремонт, а ДУИ се уште молчи. Сите се дистанцираат од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко откако САД го обвини за корупција.
Премиерот признава. Обвинувањата се сериозни. Зачуден е како може САД да знаат за криминалот на Мерко, а нашите обвинители не.

Во ДУИ молк. Партијата која за 10 минути одговори дека е спремна да ја напушти Владата за да се смени Уставот, два дена не може да состави соопштение за тоа каков ќе биде статусот на Мерко во и во Струга и во Мала Речица. Се што кажаа денеска беше дека тие се залагаат за ветинг

За разлика од ДУИ, нивниот нов коалиционен партнер, Таравари одбива да молчи. Вели, Мерко мора да си поднесе оставка а ДУИ да се дистанцира од него.
„Корупцијата мора да има последици, но определбите нон грата не се доволни. Рамиз Мерко веднаш да поднесе оставка, а ДУИ да се огради од својот член на Претседателството. Обвинителството за корупција треба да отворат случај против Мерко за да обезбедат целосна одговорност за наводите на американскиот Стејт департмент и за да ја спроведат правдата.“ – се вели во соопштението на Алијансата на Таравари.

Во ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени.

Не се изнанадени ниту партиите од албанскиот опозициски блок. И тие очекуваат одговорност

Сите политички актери очекуваат нивните повици да стигнат до човекот кој е задолжен да ги гони корумпираните политичари иако тие очекувања се прилично ограничени имајќи предвид дека дури и САД имаат резерва за начинот на кој Ислам Абази стана шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал.