Сара Џесика Паркер откри што мисли за враќањето на ликот на Саманта во серијата

804
EPA/ALBERTO MARTIN

Ким Катрал сепак ќе се појави во новата сезона на „Just Like That“, а Сара Џесика Паркер откри што мисли за тоа.

Иако Ким Катрал, легендарната Саманта, одби да се појави во продолжението на серијата „Сексот и градот“ – „Само така“, фановите беа воодушевени кога минатиот месец беше објавено дека Катрал сепак ќе се појави во серијата.

Нејзините колеги до сега не објавија ништо по овој повод, а не е непознато ниту дека останаа во не толку добри односи со популарната Саманта.

Актерката Сара Џесика Паркер прва проговори за Дејли Меил за враќањето на Ким Катрал.

„Размислувавме многу за начините да допреме до луѓето кои не беа присутни. „Начинот на кој ги поканивме актерите беше навистина забавен и возбудлив, секако носталгичен, но мислам дека најмногу од сè беше радост“, рече Сара.

Сепак, Катрал ќе се појави само во една сцена во која има телефонски разговор со Кери Бредшо, а се уште е неизвесно дали ова нејзино појавување значи нејзино враќање во целиот проект.