Германскиот гигант Магдебург е нов ракометен шампион на Европа. Во големото финале на Ф4 турнирот во Келн, бундеслигашот приреди уште едно изненадување и со победата по продолженијата над Киелце од 30-29 за првпат во клупската историја е освојувач на Лигата на шампионите во овој формат.

Германскиот гигант по вчерашната сензација против фаворит Барселона, сочува сили и за денешното финале и во натпревар во кој бркаше негатива повеќе од 50 минути на крај успеа да слави голема победа и да го подигне престижниот трофеј.

Киелце пак по исто сценариот како и минатата сезона одново мораше да се задоволи со вицешампионското место.

Откако не успеа да се пласира во финалето, моќната Барселона на Антонио Ортега на убедив начин го освои третото место на „фајнап-фор“ турнирот во Келн. Каталонците целосно го декласираа тимот на ПСЖ со 37:31