Се обновува сезонската линија Белград – Охрид, внимавајте на големината на рачниот багаж што го носите

231

Денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе слета авионот на авиокомпанијата „Ер Србија“ со што ќе се одбележи обновувањето на сезонската авиолинија Белград – Охрид. Македонскиот Ерусалим воздушно ќе биде поврзан со српската престолнина четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота.

И претходно „Ер Србија“ леташе до Охрид, но летовите беа стопирани во 2017 година. Сега, оваа конекција ќе значи дека туристи од Србија ќе можат да патуваат до Охрид со авион и да ја посетат околината и регионот на Охридското Езеро на побрз и поудобен начин. Оваа линија дополнително ќе отвори нови дестинации за македонските граѓани и за луѓето во гравитациската зона на охридскиот регион бидејќи „Ер Србија“ лета до преку 70 дестинации во Европа, Медитеранот, Северна Америка, Азија и Африка, што претставува уште една предност и погодност за патниците.

Но, за патниците е важно да знаат дека има нови правила за рачниот (кабинскиот) багаж на летовите на „Ер Србија“, „Рајан ер“, „Виз ер“ и се однесува за 2023 година.

На пример „Ер Србија“ на сите патници во економска класа им овозможува бесплатно да земат ранец или торба, како и мал рачен багаж со максимални димензии 55х40х23 сантиметри, а тежината на оваа торба не смее да надмине 10 килограми. Ако вашиот багаж е преголем и не ги исполнува барањата на оваа компанија ќе ви се наплати надоместок за вишокот багаж, кој, доколку има различни видови дополнителен багаж, се собираат заедно (број на парчињата, тежината и збирот на димензиите на поединечните парчиња багаж и цената може да се одреди на самиот влез (гејт).

Ако одберете да патувате со „Рајан ер“, сите видови патнички билети вклучуваат мала рачна торба, која мора да се смести под седиштето пред вас. Најчесто станува збор за ранец или помала чанта со максимални димензии 40х20х25 сантиметри, а тежината на оваа торба не смее да надмине 10 килограми.

Преголемиот рачен багаж ќе биде одбиен на влезната врата и, доколку е можно, мора да се стави во багажот на авионот за такса од 45,99 евра. Ако не сте сигурни дали вашата торба е со правилна големина, проверете ја пред да поминете низ безбедносни проверки. Исто така, не заборавајте дека во авионот е дозволен само 1 багаж, така што не можете да земете со себе, на пример, ранец и женска чанта.

Цената на рачниот багаж (мал куфер) со максимални димензии 55х40х20 сантиметри и 10 килограми е од 12 до 15 евра, односно 23,99 – 35,99 евра, во зависност од дестинацијата и датумот на патување и доколку е купен во моментот на резервација на авионски билети, ако го купите вашиот багаж на аеродром, цените може да бидат значително поголеми.

Авиокомпанијата „Виз ер“ ви овозможува и бесплатно да земете ранец или помала торба на летот, но со малку помали димензии, 40х30х20 сантиметри, а тежината на оваа торба, исто така, не смее да надмине 10 килограми. Како и кај „Рајан ер“, прекумерната тежина ќе биде отфрлена на влезот и ако е можно, ќе се стави во држачот на авионот, но со надомест од 30 евра. Цената на рачниот багаж (мал куфер) со максимални димензии 55х40х23 сантиметри и може да тежи најмногу 10 килограми од 12 до 15 евра, односно 23,99 – 35,99 евра во зависност од дестинацијата и датумот на патување доколку се купени во моментот на резервација на авионскиот билет, доколку го купите вашиот багаж на аеродром, подгответе се да платите многу повеќе.

(С.Бл.)