Австралискиот рагби-играч Куртли Бил изјави дека „вистината ќе излезе на виделина“ откако се изјасни за невин по обвиненијата за сексуален напад.

Поранешниот играч на француски Расинг 92 (од 2020 до 2022 година) беше уапсен во Сиднеј, во јануари, поради наводен инцидент во тоалет во паб.

Австралиската рагби-федерација тогаш реши да го суспендира 34-годишниот играч, кој одигра 95 натпревари за националниот тим.

  • Ужасно е што сум овде денес. Не сум виновен, вистината на крајот ќе излезе на виделина – им рече Бил на новинарите за време на судењето во Сиднеј.

Бил се соочува со две точки од обвинението: за сексуално допирање лице без негова согласност и за поттикнување друго лице сексуално да допира лице и да го принудува на сексуален однос без негова согласност.