Сезоната на змии почна. Со тоа, сè повеќе граѓани ја посетуваат нашата Клиника за да им биде дадена лекарска помош – велат од Инфективната клиника за весникот ВЕЧЕР и апелираат до граѓаните да не стравуваат, бидејќи има на располагање доволно серум за сите пациенти, но предупредуваат да бидат внимателни кога се во природа. Се препорачува по каснувањето од змија, брзо да се реагира, бидејќи најдоцна до 24 часа од каснувањето се употребува противотровот. Статистиката на Клиниката за инфективни болести покажува дека секоја година во мај, јуни и во јули има најмногу каснувања од некој вид влекач. Во просек, годишно околу стотина лица го искусуваат ова лошо искуство, а во земјава има неколку вида отровници кои прават сериозни проблеми кај каснатите лица, особено доколку се алергични. Според биолозите, Македонија е една од ретките земји во светот каде што според биодиверзитетот се регистрирани 16 видови змии
Мај и јуни е период од годината кога змиите се раздвижуваат. Деновиве, во неколку скопски населби лоцирани на падините на Водно, меѓу кои Жданец и Козле, е забележана појава на движење на змии по дворовите и на праговите од куќите. Како што велат мештаните, се работи за мали смокови, кои не се отровни и кои се одомаќинети во нивните населби.
– Во Жданец речиси и да нема двор каде што нема по некој смок. Тие се наши редовни гости. Се верува дека смокот е чувар на куќата, носи среќа, затоа се гледа на нив како на нешто добро, позитивно. По некое непишано правило, во нашата населба не се практикува да се убиваат смоковите. Тие се безопасни, не се отровни, а во овој период ги има повеќе, бидејќи им е време на парење – вели една наша скопјанка, на која викендов, во дворот, на гости ѝ пристигнал смок.
Но, во Македонија не е само смокот, има отровни змии од кои може да се настрада. Најмногу од овие влекачи страдаат земјоделците, рекреативците, излетниците, чуварите на граничните премини… Многу често се случува наши сограѓани, додека се одмораат во градината, да забележат змија. Каснатите од змија најчесто се упатуваат на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби.
– Сезоната на змии почна. Со тоа, сè повеќе граѓани ја посетуваат нашата Клиника за да им биде дадена лекарска помош – велат од Инфективната клиника за весникот ВЕЧЕР и апелираат до граѓаните да не стравуваат, бидејќи има на располагање доволно серум за сите пациенти, но предупредуваат да бидат внимателни кога се во природа.
И во Брзата помош располагаат со противотров за змии и се подготвени да интервенираат доколку некој граѓанин го побара тоа од нив. Здравствените власти предупредуваат дека со противотрови треба да биде обезбедена и граничната полиција, како и војската, особено кога оди на терен.
Се препорачува по каснувањето од змија, брзо да се реагира, бидејќи најдоцна до 24 часа од каснувањето се употребува противотровот. Статистиката на Клиниката за инфективни болести покажува дека секоја година во мај, јуни и во јули има најмногу каснувања од некој вид влекач. Во просек, годишно околу стотина лица го искусуваат ова лошо искуство, а во земјава има неколку вида отровници кои прават сериозни проблеми кај каснатите лица, особено доколку се алергични.
Препораката на лекарите е да се биде повнимателен кога се престојува или спортува во природа, оти во овој период од годината змиите отровници шетаат низ планините, на карпите, а ги има и под големите камења. Се забележуваат и покрај реките каде што има високи треви и бујна вегетација.
Влекачи се присутни и во парк-шумата Водно, затоа се препорачува рекреативците да бидат повнимателни и доколку им се случи да бидат каснати, да не ги фаќа паника, веднаш да се јават на лекар и да го примат потребниот противотров.
Според биолозите, Македонија е една од ретките земји во светот каде што според биодиверзитетот, регистрирани се 16 вида змии. Тоа е околу 76% од вкупните видови змии во светот, а кај нас се присутни балканскиот, жолтиот, планинскиот и леопардовиот смок, потоа поскокот, остраглавата…
(В.Ма.)