По примерот на Заграб, од Шанса за Центар сакаат повторно да ја иницираат идејата за која и претходно се залагаа, а тоа е кружниот тек и „Боемска 2“ во Дебар Маало да бидат затворени за сообраќај од петок до недела вечер. Ги прашуваат граѓаните што мислат за ваквиот предлог.
– Нели ќе ни биде повесело? На децата ќе им дадеме слобода за возење ролерки и велосипеди, наместо бучава од коли – ќе имаме весели и слободни луѓе. Еве, Загреб веќе напредува со вакви решенија – потенцираат од Шанса за Центар.
Архитектката Даница Павловска предлага улицата да се наслика со мотиви од македонските килими, а и други граѓани на социјалните мрежи се согласуваат со идејата
Улицата „Мартиќ“ во Загреб од неодамна е затворена за автомобилски сообраќај и е претворена во пешачка зона. Тротоарот е обоен со мотиви од керамички плочки преземени од подовите на влезовите и ходниците на станбените згради и палатите во долниот дел на градот. Автор на избраниот проект е уметникот Борис Баре, а проектот е финансиран преку грант од иницијативата „Bloomberg Asphalt Art“.
По примерот на Заграб, и од Шанса за Центар сакаат повторно да ја иницираат идејата за која и претходно се залагаа, а тоа е кружниот тек и „Боемска 2“ во Дебар Маало да бидат затворени за сообраќај од петок до недела вечер. Ги прашуваат граѓаните што мислат за ваквиот предлог.
– Нели ќе ни биде повесело? На децата ќе им дадеме слобода за возење ролерки и точаци, наместо бучава од коли – ќе имаме весели и слободни луѓе. Еве, Загреб веќе напредува со вакви решенија – потенцираат од Шанса за Центар.
Архитектката Даница Павловска предлага улицата да се наслика со мотиви од македонските килими, а и други граѓани на социјалните мрежи се согласуваат со идејата.
– Ова е супер идеја. Инаку, на почетокот тоа се прави за време на викендите, два-три дена, за да се види кој е капацитетот и кои се предностите од затворањето на улицата за автомобили. Данскиот професор од светски ранг Јан Гел, доајен во проектирањето јавни простори и незаменлив филозоф кој се занимава со градовите, чиј досег е навистина глобален, во неколку наврати беше во Скопје и направивме извештај во кој се предлага прогласување пешачки зони согласно со направена анализа. Беше утврдено дека плоштадот и уличките што се влеваат во него се погодни за тоа. Тоа се механизми што се употребуваат во градовите за зголемување на квалитетот на животот – изјави Павловска за весникот ВЕЧЕР.
Инаку, студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје направија ваков проект за кружниот тек во Дебар Маало, користејќи мотиви од Кандински, и тоа уште 2019 година. Во рамки на предметот Урбанистичко обликување 1, тие понудија низа проекти со кои се сакаше да се придонесе за обликување на квалитетот на градскиот простор. Меѓу нив имаше проекти за пешачки зони, детски и училишни коридори, нови паркови, игралишта, нова општинска зграда како граѓански центар и сл.
Еден од избраните простори беше т.н. кружен тек, кој може да биде нов маалски детски центар. По направените анализи на просторот, неговите содржина и капацитет, студентите понудија неколку решенија за искористување на просторот, кој сега е запуштен и автоцентричен. Понудија неколку интересни проекти кои во себе вклучија детски катчиња, зелени содржини, интересна урбана опрема и сл. Она што беше заклучено е дека овој простор нуди многу можности и може да се користи и како тивок градски простор во текот на неделата, но и регулирано да се затвора за разни случувања, манифестации, преку викендите. Тој простор не треба да „навлече“ уште кафулиња, туку катчиња за деца од сите возрасти, за соседите сениори, како и за секој што сака да престојува во убав простор.
Уште еден интересен проект беше проектот за воспоставување училишни коридори, кои би овозможиле децата од маалото да доаѓаат и да си заминуваат до и од училиштето по мирни и „возбудливи и поттикнувачки“ улици. Дел од тие коридори ја опфаќаат т.н. Боемска улица (улицата „Антоние Грубишиќ“), преку која се стигнува и до основното училиште „Коле Неделковски“. Студентите изработија дизајн на подни апликации, информативни патокази и сл., кои покрај означувањето на правецот на движење, би им помогнале на учениците да научат и да осознаат нешто, но и да им го направат патот поинтересен и попријатен. Оваа улица првенствено треба да биде пријатен маалски пешачки коридор наменет за сите возрасти, а особено за децата кои често си играат таму по часови.
Проектот беше поддржан и дел од кампањата за подобра животна средина на #НеИгнорирај #Реагирај, која ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од британската амбасада во Скопје.
(А.П.)