Земјотрес со јачина од 4,0 степени е регистриран рано утринава во Катанија, Сицилија, по што следеле низа помали последователни потреси, јавуваат италијанските медиуми.
Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија, земјотресот бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил лоциран во областа Мило, на источните падини на вулканот Етна, на длабочина од 5 километри.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
Земјотресот го почувствувале не само населението на Мило и Катанија, туку и околните градови Сант’Алфио, Заферано Етнеа и Санта Венерина.
Најсилниот удар беше проследен со неколку последователни потреси со јачина меѓу 2,2 и 2,8 степени според Рихтеровата скала.