Од 1 јули мора да се пазари со биоразградливи кеси

263

Од 1 јули 2023 година целосно се забранува пуштањето на пазарот во нашата земја на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси за носење на стоки, односно тоа се оние кеси кои во маркет ги добивате за 15 денари. Значи, дека остануваат уште месец и половина производителите на кеси во земјава да набават материјали за производство исклучиво на биоразградливи кеси.

Тие минатиот месец на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и презентираа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси, е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното прoизводство на овие кеси

Од 1 јули 2023 година целосно се забранува пуштањето на пазарот во нашата земја на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси за носење на стоки, односно тоа се оние кеси кои во маркет ги добивате за 15 денари. Значи, дека остануваат уште месец и половина производителите на кеси во земјава да набават материјали за производство исклучиво на биоразградливи кеси.

Тие минатиот месец на министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и презентираа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси, е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното прoизводство на овие кеси.

Од нивна страна беше предложено да се ревидира законската регулатива и да се направат поголеми напори за да се обезбедат еднакви услови на пазарот, односно да се спречи нелојалната конкуренција со нудење на бесплатни пластични кеси. Дополнително, претставниците на индустријата предложија намалување на надоместокот за биоразградливите пластични кеси, кои би се продавале после 1 јули 2023 година.

Министерката Шукова, пак, укажа дека поништување или враќање назад на започнатата постапка за намалување на употребата на пластичните кеси за еднократна употреба нема да се случи, бидејќи тоа се обврски превземени од нашата држава, за усогласување со законодавството на ЕУ. Но, им вети дека низните предлози детално ќе бидат разгледани во координација со релевантните државни органи.

Со Законот за управување со пакување и отпад од пакување („Службен весник“, бр. 215/21) со цел намалување на создавање на отпад од кеси изработени од пластични маси и пластични пакувања се воведе и стапи на сила од 1 декември 2021 година забраната за пуштањето на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Македонија. По исклучок, дозволено е пуштање на пазарот оксобиоразградливи кеси за носење на стоки со надоместок, кој изнесува 15 денари за парче и кој на местото на продажба задолжително се наплаќа од крајните корисници (купувачи).

Согласно со членот 10 став 5 од Законот, трговецот е должен да води евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси на продажното место која ја доставува до  стручниот орган и  вкупната сума добиена од надоместокот од продадените кеси на квартална основа ја пренесува на посебна сметка отворена за таа намена на органот за животна средина.

Од Министерството за животна средина велатдека употребата на пластичните кеси е намалена за 10 пати, особено во маркетите и тоа за околу 85 проц енти. за 10 пати намалена, а особено намалување има во маркетите и тоа за околу 85%.

Според законот, парите од продажбата на кесите одат во специјален фонд за животна средина. Од донесувањето на Законот досега во тој фонд собрани се средства над 2 милиони денари.

КАКО Е ВО РЕГИОНОТ?

Луѓето што живеат во ЕУ просечно трошат по 87 пластични кеси годишно. Во Македонија просечно луѓето трошат по 2 кеси дневно, односно по 730 годишно. Како е во регионот? Година и пол откако Хрватска, една од ретките во Европа, одлучи целосно да ги забрани лесните пластични кеси со тежина од 15 до 50 микрони, податоците објавени од Јутарњи лист покажуваат дека строгата мерка, како што многумина предупредуваа, се покажала дека е целосно фијаско.

Имено, иако количината на кеси со дебелина од 15 до 50 микрони е намалена од 1.489 тони на 303 тони во однос на претходната година, учеството на многу лесните пластични кеси за кои не важи забраната е зголемено за 17 отсто, па уделот лесните пластични кеси генерално се намалиле за 44 отсто, но затоа количината на подебели пластични кеси над 50 микрони експлодирала во исто време, за неверојатни 276 отсто.

Поточно, во 2022 година на пазарот се пуштени 2.022 тони подебели пластични кеси наспроти 538 тони претходната година или 414 тони во однос на 2018 година, а нивната бројна количина исто така значително се зголемила лани, за цели 192 отсто.

Сè на сè, и покрај забраната, во 2022 година завршивме со најголемата тонажа на пластични кеси на пазарот досега – во споредба со 2018 година, кога на пазарот беа фрлени три илјади тони пластика во вид на пластични кеси, завршивме лани со рекордни 3.364 тони, што е за дури 450 тони повеќе од претходната година.

– Накратко – потрошувачите штотуку ги заменија лесните пластични кеси со подебели, и иако формално и законски е исполнета одредбата од Директивата на ЕУ, која предвидува дека земјите-членки мора да ја намалат потрошувачката на лесни пластични кеси, прашање е што на крајот државата се добива од ова доколку ова намалување се случи за сметка на значителни зголемувања во другите категории – пишува Јутарњи лист.

Во соседна Србија пластичните кеси може да бидат оксобиоразградливи, категоризирани по дебелина и сите  пластични кеси се изработени од ПЕ (висока или ниска густина) со додаден адитив за оксобиоразградливост и истите се наплатуваат според големината и дебелината, по пазарна цена.

Во Бугарија е донесен закон каде се пуштаат во промет полиетиленски кеси и се наплатува такса за кеси чија дебелина е под 25 микрони, и не се наплатува такса за кеси над 25 микрони за повеќекратна употреба и доколку се произведува биоразградлива кеса. Пластичните кеси се продаваат по пазарна цена.

Во соседна Грција до 2018 година пластичните полиетиленски кеси биле бесплатни а од 2018 година истите започнуваат да се наплатуваа 0,04 центи по парче, а во 2019 година цената е зголемена на 0,09 центи. Кесите од биоразградлив материјал во првите две години биле субвенционирани од страна на државата.

(С.Бл.)