Стартуваше проектот за изнајмување на електронски тротинети

390

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна со реализација проектот за изнајмување 500 електрични тротинети, стационирани на 19 базни станици низ градот на ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје.

Како што информираат од претпријатието, сите електрични тротинети се опремени со GPS уред, а со цел зголемена безбедност на корисниците, нивната максимална брзина може системски да се ограничува до 24 километри на час.

– Целта на овој проект е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на граѓаните да користат алтернативни начини на превоз, со што би се намалило загадувањето од возилата учесници во сообраќајот – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.