Дамите во своите гламурозни фустани, Господата во смокинзи со пеперушка машни – Во скопскиот “Александар Палас“ се оддржа по 22.пат “Виенски бал“

4631

Македонски дами и господа, традиционално секоја година така и оваа, но овојпат во пролет за гламурозниот „Виенски бал“ ги облекоа своите вечерни фустани и смокинзи. На 13 мај во скопскиот елитен хотел “Александар палас”  во една вечер  Скопјаните покажаа дека живеат во стилот на австриската метропола Виена, со сите нејзини обележја….како со захер тортата, шампањското, но пред се со  музиката на Штраус, со синиот убав Дунав.

Виенскиот бал во Скопје, кој од 2017 година е ставен и на светската мапа на виенски балови, е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“, а покровител на оваа уметничка манифестација е Амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија.

И оваа година Балот ја имаше хуманитарната димензија. Дел од средствата од продадените  билети одеа за СОС Детско село. Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје настапија врвни уметници: покрај оркестарот „Јохан Штраус“ кој музицираше под диригентство на Бисера Чадловска, настапија и првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (од Унгарија), потоа и Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска – танчари на Танцовиот клуб Прима Данца и танчари од Врачар-плесната школа од Белград, Србија, па Свингерси бенд, како и вокалните солисти: Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска. Водителка на Балот и оваа година беше поранешната македонска Убавица Мис-ицата Вера Мештеровиќ. Накитот кој таа го носеше е од познатите Филеви од Охрид, додека вечерниот фустан во кој Вера беше гламурозно облечена е од креацијата на светски познатата Елена Лука.    Дуле Миќиќ / фото: “Вечер“