Турција повторно се тресе – регистриран нов земјотрес во Малатија

201

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди турската провинција Малатија.

Епицентарот на земјотресот бил во областа Акчадаг, соопшти Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Утврдено е дека земјотресот се случил на длабочина од 11 километри.

Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6 февруари беа погодени од два земјотреси од 7,7 и 7,6 степени.

Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од тие земјотреси, како и многу други во северна Сирија.