Чудо што ги изненади и лекарите:Во Полска отстранета циста на јајник тешка 100 килограми

178
Лекари во Полска отстраниле циста од јајник  на пациентка, со тежина 100 килограми, објави Универзитетската клиничка болница од југозападниот полски град Жешова.
Шуплина исполнета со течност се формирала на јајникот на 24-годишна жена, објави клиниката.
„Пречникот на туморот изнесуваше околу еден метар“, изјави д-р Ана Богачук од гинеколошкото одделение.
Кога пред една недела се пријавила во болница, пациентката висока 1, 58 метри тежела 182 килограми.
Прегледот бил исклучително тежок бидејќи пациентката не можела да се смести на скенерот.
„Како лекарски тим, претпоставивме за што станува збор“, рече Томаш Клуз, директор на гинекологија во болницата.
Во текот на операцијата, лекарите отстраниле околу 100 литри течност, а потоа ја отстраниле цистата.
Не утврдиле никакви патолошки промени на пелвисот или абдоменот.
Пациентката кажала дека претходно не се осмелувала да оди во болница затоа што се плашела.