Албански државјанин сакал да прошверцува 98 аквариумски желки

66

Албански државјанин се обидел, преку царинската експозитура Стење, да прошверцува 98 мали аквариумски желки.

– При извршена детална контрола на патничко возило со странски регистарски таблички на влез во државата, како и личен претрес на лицето – албански државјанин кое управувало со возилото, пронајдени се 98 живи желки со мал раст, за кои лицето не поседувало документација – велат од Царинската управа.

Против лицето е поднесена соодветна пријава. Желките се привремено задржани и предадени на Агенцијата за одземен имот, по што се згрижени во Зоолошката градина во Битола.