Ужасна несреќа во соседството: Грк беше згмечен од машина во автоперална и по три дена почина

305

Атанасиос Папагеоргиу (73) загинал во страшна несреќа што му се случила на автоперална.

Имено, мажот излегол од својот автомобил за да ја внесе шифрата за пристап до машината за перење, но кога се обидел да се врати назад во возилото, бил згмечен, бидејќи миењето почнало, а вратата од автомобилот му се заглавила.

Три дена во болница се борел за живот, но им подлегнал на повредите.

Атанасиос веројатно бил збунет од трепкачката зелена стрелка што значи дека може да влезе во пералната, иако внел погрешна шифра. Оваа трагедија се случи во ноември 2019 година, недалеку од Мелбурн.

Адвокатите кои ја застапуваат меѓународната нафтена компанија „Шеврон“ се појавија во вторникот пред судот во Мелбурн, откако компанијата, која е сопственик на пералната за автомобили, беше обвинета за смртта.

Организацијата за безбедност и здравје при работа ангажирала експерт Питер Харт да го истражи ова фатално перење автомобили. Неговото мислење е дека подобрата сигнализација во самата перална можеше да ја спаси Папгеогија.

Според неговото мислење, д-р Харт изјавил дека возачите кои влегувале во автоматската перална за автомобили немале поим дали шифрите за влез што ги користеле за да ја стартуваат машината биле правилно внесени.