И додека мислевме дека боксот без ракавици е најлудиот спорт што се појави во поново време, на врата ни чукна нова лудорија. Сепак, Романците успеаја да се надминат себеси. Имено, романската организација „RFX Slap“ организираше натпревар на кој девојки се плескаа по задникот!

Организацијата „RFX Slap“ е позната по тоа што организира натпревари со брутални шлаканици, каде што натпреварувачите се плескаат по лице, но за забава и привлечност, овој пат шлаканицата беше наменета за друг дел од телото. Така тие организираа турнир во Клуж на кој „силите“ ги одмерија Роксана Аифитмеи и Лухаш Александра Данијела, а нема потреба да се споменува дека во фокусот не беше силата, туку нешто друго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RXF MMA (@rxfmma)

Атрактивните девојки само со танга се удираа по задникот, што, секако, најмногу им се допадна на мажите, кои ја исполнија арената до последното место. Многу луѓе се јавија да бидат судии на ова натпреварување, но не сите го имаа задоволството на легендата на ММА – Александар Лунгу, кој проверуваше колку им е поцрвенет задникот на натпреварувачките.

Инаку, удирањето шлаканици стана спорт на почетокот од годината откако десет години си ја побиваше својата популарност, пред сè во Полска и во Русија. Сега, во овој натпревар се вложуваат големи пари, а се чини дека и оваа категорија би можела дополнително да го популаризира.