Во Аргентина инфлацијата е над 100 отсто

69

Аргентина се бори со ценовен шок. Инфлацијата во земјата надмина 100 отсто. Инфлацијата сега изнесува 104,3 отсто. Ова е највисоката годишна стапка на инфлација во Аргентина од 1991 година, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за статистика и попис.

Облеката, храната и безалкохолните пијалаци, поскапеа за повеќе од 9 отсто. Поради избувнувањето на птичјиот грип во Аргентина, цените на пилешкото и јајцата се зголемени за повеќе од 25 отсто. Инаку, Аргентина е земја која во својата историја досега повеќе пати доживеала банкрот.