Дедо Ѓорѓе Иванов и внукот Ѓорѓе заедно за Велигден/ФОТО

569

Ѓорѓе Иванов, поранешниот претседател на Македонија, објави фотографија со внукот кој го носи неговото име, како се кршат со велигденски јајца додека малиот Ѓорѓе седи пред корпа со црвени јајца. Тој и неговата сопруга Маја го прославија големиот празник Велигден заедно со нивното семејство.

„Велигден е празник на надежта, љубовта, радоста и почеток на новиот живот. Нека овој најсветол и најголем христијански празник донесе многу радост, здравје, благосостојба и духовен мир. Христос воскресна. Навистина воскресна“, напиша Иванов.