Лула повторно предложи формирање на група земји за постигнување мир во Украина

34

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денес повторно во Абу Даби предложи формирање на група земји кои не се вклучени во војната меѓу Русија и Украина, кои ќе дејствуваат како посредници во постигнувањето мировно решение.

Да Силва рече дека разговарал за ова прашање со кинескиот претседател Си Џинпинг претходно оваа недела, објави Ројтерс.

Бразилскиот претседател им рече на новинарите во Абу Даби, каде што ја заврши патувањето во азиските земји, дека се обидува да собере група лидери кои „подобро зборуваат за мир отколку за војна“, мислејќи на кинескиот претседател и лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан со кој се сретна оваа недела.