Младите гостиварци ќе се вклучат во заштита на животната средина

115

Младите гостиварци ќе се вклучат во проект за заштита на животната средина. За таа цел, денеска во Општина Гостивар беше потпишан меморандум за соработка меѓу локалната самоуправа и Здружението „Гоу грин“. Меморандумот опфаќа: поддршка во спроведувањето на активностите од проектот „Млади за климатска акција и одржлив транспорт“, кој е финансиски поддржан од агенцијата за развој „СИДА“ од Шведска.

– Со меморандумот се остварува и поддршка во прибирањето предлози за зелени општини и одржлив транспорт, подобрување на комуникацијата и транспарентност кон младите. Здружението „Гоу грин“ ќе дава и поддршка во имплементацијата на младинските проекти – наведуваат од Општина Гостивар.