Пред концертот во Скопје, Бебек ќе ја слави годишнината од бракот во Лондон со својата Ружица

2926

Иако никогаш не беше некој згоден секси тип, сепак, жените се интересираа за него. Како популарен и полн со пари, беше магнет за женскиот пол. Ружица ја запознал по еден свој концерт. Таа срамежливо му пришла во гардеробата, барајќи заедно да се сликаат. Нему ни на крај на умот не му било дека убавата Ружица Рушка ќе му стане сопруга, дека ќе му го стопи срцето         

Популарниот Жељко Бебек, пејачката ѕвезда на некогашното „Бијело дугме“ кој овој месец на 18.4. ќе има свој концерт во Македонската филхармонија, деновиве ја слави годишнината од бракот со својата втора сопруга Ружица.

– Ружица промени сѐ кога влезе во мојот живот. Тоа беше љубов на прв поглед. Ако ме запознаеше на 18 години, ќе бевме во брак 50 години, но не се случи тоа. Таа се роди тамам кога требаше, кога ја снимав песната „Битанга и принцеза“. Некаде во повисоките сфери пишуваше дека мораше да се сретнеме вака – објасни пејачот.

Дека годините навистина се само бројка за нив и дека човек сака додека е жив, најдобар доказ е музичката икона Жељко Бебек. Тој ја најде својата Ружица Рушка, сега љубов на неговиот живот, дури кога зачекори во шестата деценија. Воопшто не го интересираа коментарите на пријателите, на колегите, соседите, на децата од првиот брак.

Иако никогаш не беше некој згоден секси тип, сепак, жените се интересираа за него. Популарен и полн со пари, беше магнет за женскиот пол. Ружица ја запознал по еден свој концерт. Таа срамежливо му пришла во гардеробата, барајќи заедно да се сликаат. Нему ни на крај на умот не му било дека убавата Ружица Рушка ќе му стане сопруга, дека ќе му го стопи срцето. А, ете, така е веќе цели 21 година: среќен брак исполнет со љубов и разбирање.

Бебек сними нова песна со сликовит наслов „Најубава моја“ за годишнината од бракот. Посветена на неговата сакана сопруга.

Ружица, пак, вели дека љубовната искра ја почувствувала при таа прва средба, но не помислувала на нешто повеќе од фотографирање.

– Ми се чинеше невозможно да излезам со Жељко на кафе. Кога се пронајдовме во муабетите, се случи онаа позната хемија меѓу нас иако злобниците коментираа: „Ќе пукне врската меѓу нив, за еден, два, три месеци, тој е постар од Ружица“. Но, еве, не пукна. Заедно сме 21 година! Останавме посилни од трачовите. Сè уште слушам глупави муабети, дека не е нормално да сум со маж кој е постар од мене цели 34 години. Како не им здодеа да дрдорат?! – прашува Ружица.

Двајцата велат дека рецептот за нивната долготрајна љубов е тоа што се секојдневно неразделни. Дури и кога одат да купуваат овошје, средства за хигиена или нов технички уред за својот дом. Сега Ружица му е и менаџерка, додека  во неговиот нов бенд свири неговиот син Звонимир (од првиот брак). Сите заедно патуваат на концерти и турнеи, како вистинско сложно семејство.

Само тие двајца ќе ја слават годишнината од бракот на романтичен и интимен начин деновиве, во Лондон.   Д.М. фото:ФБ