Серија торнада оставија смрт и пустош зад себе во САД: Најмалку 26 мртви, стотици илјади без струја

26
EPA-EFE/MATT MARTON

Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада што ги погодија градовите во јужниот и средниот запад на САД.

Силните ветрови оштетија куќи, а стотици илјади луѓе останаа без струја, јави Би-би-си.

Торнадото најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи.

Гувернерката Сара Хакаби Сандерс прогласи вонредна состојба во Арканзас во петокот, а Националната гарда беше активирана за да помогне во последиците од невремето.

Сандерс рече дека разговарала со американскиот претседател Џозеф Бајден за ситуацијата и дека претседателот ветил федерална помош.

Покривот на театарот се урна за време на концерт на хеви метал во Белвидер, Илиноис, во невреме во петокот, при што едно лице загина, а 28 се повредени. Минатата недела во торнадо во Мисисипи загинаа 26 лица.