Ракометарите на Алкалоид го совладаа актуелниот шампион Вардар со 22:21 (13:10), во рамките на плеј-офот на Суперлигата. Алкалоид водеше во текот на целиот натпревар и поумешно се снајде во драмата во финишот, па слободно може да се каже дека победи сосема заслужено.
Во последните минути се играше инфаркт завршница, а во клучен напад Алкалоид со човек помалку доби пенал. Смирениот Серафимов умешно го совлада Борко Ристовски и донесе победоносно водство за својот тиме. Следеше клучна одбрана на Трајкоски по удар на Талески. А во самиот финиш, во вистинска бркотница, Вардар не успеа да дојде до израмнување, па Алкалоид го освои целиот плен.
Човек на натпреварот без сомнеж беше голманот Благојче Трајковски кој собра 14 интервенции, додека со седум гола се истакна Мартин Серафимов, исто колку што даде и Дејан Манасков кај поразените.