Лукашенко повика на прекин на огнот во Украина

558

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, повика денеска да се прогласи прекин на огнот во Украина и да се воспостави примирје „без право на ниту едната страна да прераспоредува опрема и да ги прегрупира војниците“.

Во денешното обраќање пред белорускиот парламент и граѓаните, Лукашенко рече дека преговорите за прекин на огнот во Украина треба веднаш да започнат, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Ќе ризикувам и ќе предложам дека треба да има прекин на непријателствата. Без право на партиите да прераспоредуваат опрема и да ги прегрупираат трупите“, рече тој.

Сепак, белорускиот претседател додаде дека ако Западот „уште еднаш се обиде да го искористи примирјето за лажно да ја зајакне својата позиција“, тогаш Русија е „должна да ја искористи сета своја моќ“.

„Со оглед на воено-политичката ситуација околу нашата земја, започнав разговори со рускиот претседател, Владимир Путин, за враќање на нуклеарното оружје во Белорусија“, рече Лукашенко, мислејќи на атомските бомби што неговата земја и ги даде на Русија во 1990-тите.