Во пожар, што избувна во четвртокот во куќа на С.А. (77) од радовишко Злеово, биле опожарени куќата, плевна со сточна храна и гаража во која имало комбајн, камион и друга земјоделска механизација – соопштија од СВР Струмица.
– Повредени лица нема, а по интервенција на Територијалните противпожарни единици од Струмица и Радовиш пожарот бил изгаснат. Увид ќе извршат инспектор за пожари и увидна екипа од ОВР Радовиш – стои во соопштението на СВР Струмица.
Според информациите од пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествувале три возила и 13 пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани и пожарникарите од Струмица со два камиона и 6 пожарникари.