Олимпискиот, светски и европски шампион во уметничко лизгање, Роман Костомаров (45), преживеа вистинска агонија во последните два месеца. Прво му беа ампутирани рацете и нозете поради гангрена и сепса, а потоа спортистот доживеал мозочен удар и паднал во кома.
Но, денеска руските медиуми пишуваат дека Костомаров е изваден од респиратор и е целосно свесен за сè, но ќе мора да почне од почеток. Олимпискиот шампион од Торино од 2006 година ќе учи секојдневни работи како џвакање храна и јадење. Оваа вест ја пренесува руски „Спортекспрес“, наведувајќи дека му е потребна помош дури и да седне.
Костомаров го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година со Татјана Навко. Заедно со неа двапати го освои светското првенство и три пати Европското првенство. Покрај Татјана Навко, настапи и со Ана Семеновиќ и Екатерина Давидова.