Околу 200 барели течност протекоа во Британија, прогласена состојба на голем инцидент

181

Околу 200 барели течност истекоа од резервоар во водата на пристаништето Пул во округот Дорсет на југозападот на Велика Британија, поради што властите прогласија состојба на „голем инцидент“.

Протекувањето дошло на нафтоводот, со кој управува компанијата „Перенко“, соопштија од пристаништето Пул, а пренесува Би-би-си.

Граѓаните беа повикани да избегнуваат пливање во пристаништето и околните места до понатамошно известување.