Германија со години се смета за најсилна европска  економија. Затоа и не чуди што најголем број наши граѓани одат таму да работат. Иако растот на платите е забавен во последните години и во оваа земја, податоците покажуваат дека месечните примања и понатаму се значително повисоки отколку во другите европски земји. На пример, платата на пекар се движи од 1.500 евра месечно до 4.000 евра, додека одредени професии, како менаџерите на хотели, имаат плата од речиси 10.000 евра, пишува Блиц.

Познато е дека во оваа земја живеат голем број луѓе од Македонија и Балканот. Голем дел од нив се вработени во градежништвото, угостителството, одржувањето на хигиената. Работа има и во метална индустрија, транспорт, нега…

За повеќето од овие работни места на работниците кои доаѓаат од овие простори не им треба високо ниво на познавање на германскиот јазик, па затоа многумина почнуваат да учат дури кога ќе се вработат. Сепак, работните места со високи квалификации, но и со повисока плата, како оние во здравството, бараат познавање на јазикот на повисоко ниво.

Ако ја погледнеме листата на најчести работни места на кои се ангажирани работниците од Балканот месечната плата е далеку поголема од сумата што би можеле да ја заработат за истата работа кај нас. Висината на платите започнува од 1.500 евра па нагоре.

Подолу ви пренесуваме листа од 50 занимања и плати во Германија.

Негувателка 1.500 – 3.651 евра

Медицински помошник 1.500 – 4.280 евра

Доктор 3.369 – 7.862 евра

Медицинска сестра 1.612 – 4.531 евра

Лаборант, техничар 1.923 – 3.950 евра

Фармацевт 3.050 – 7.028 евра

Стоматолог 3.431 – 7.683 евра

Ветеринар 2.086 – 5.489 евра

Оптичар 1.791 – 4.125 евра

Архитект 2.005 – 6.507 евра

Градежен инженер 2.334 – 7.392 евра

Електро инженер 2.228 – 5.098 евра

Електричар 2.308 – 4.339 евра

Пекар 1.586 – 4.008 евра

Претставник за продажба 1.590 – 6.055 евра

Продавач на автомобили 1.864 – 7.320 евра

Банкарски службеник 2.404 – 5.138 евра

Сметководител 2.018 – 4.636 евра

Раководител на канцеларија 2.598 – 5.436 евра

Економист 2.661 – 5.812 евра

Супервизор во центар за поддршка (кол-центар) 3.085 – 5.564 евра

Раководител на мало 1.585 – 5.833 евра

Референт за продажба 2.137 – 7.595 евра

Возач на автобус 2.117 – 4.146 евра

Таксист 2.005 – 3.963 евра

Контролор 3.182 – 7.648 евра

Лимар 1.665 – 5.597 евра

Автомеханичар 2.019 – 4.223 евра

Автоелектричар 2.228 – 5.097 евра

Автотехничар 2.151 – 5.216 евра

Виљушкарист.500 – 2.849 евра

Рецепционер 1.803 – 3.456 евра

Дадилка 1.500 – 4.168 евра

Фризер 1.576 – 3.240 евра

Водоводџија 2.317 – 4.524 евра

Ѕидар 1.500 – 5.149 евра

Столар 1.561 – 5.339 евра

Техничар за обработка на дрво 2.230 – 4.465 евра

Уредник 1.993 – 8.822 евра

Новинар 2.036 – 5.157 евра

Менаџер за настани 2.521 – 6.621 евра

Менаџер за комуникации 3.370 – 5.831 евра

Фотограф 1.907 – 4.609 евра

Инструктор по возење 1.916 – 4.548 евра

Графички дизајнер 2.280 – 5.053 евра

Маркетинг асистент 2.520 – 3.910 евра

Менаџер на хотел 2.120 – 9.742 евра

Келнер 1.653 – 3.738 евра

Готвач 2.446 – 6.579