На 13.03.2023 во СВР Битола било пријавено дека на 12.03.2023 околу 21.30 часот во Клиничка болница Битола од неговите родители било донесен починат 12-годишник од с.Лера, битолско.
Според пријавеното, на малолетникот му се слошило во домот, по што бил донесен во болницата.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.