Маж загинал во понеделникот вечерта во близина на Добановачката јамка во Белград кога во него удрил автобус додека претрчувал преку автопатот.
Како што објави порталот nova.rs, мажот и претходно учествувал во сообраќајна несреќа која се случила на таа локација.
Во сообраќајна несреќа во правец кон Добановци учествувале три возила – „рено“, „хјундаи“ и „голф“, по што возачот на голфот се обидел да го претрча патот.
Во него удрил автобусот „Ласта“ додека претрчувал.
Сообраќајот на овој дел од автопатот беше блокиран.