Еден букет со три ружи чини 750 денари – и искажувањето на љубовта стана скапа работа

Свети Валентин, празникот на љубовта во последните две децении како празник на љубовта и заљубените масовно се одбележува и кај нас. И покрај тоа што овој празник се празнува почесто кај помладата популација и постарите знаат да ги изненадат своите партнери со букет цвеќе, бонбониера, шише вино.... Се купуваат најразлични подароци, но најчесто букет цвеќе. Цената на еден букет од три црвени ружи чини 750 денари

292

Поради инфлацијата и повисоките трошоци на трговците и производителите, поскапеа производите за Свети Валентин. Празникот на љубовта во последните две децении масовно се одбележува и кај нас. И покрај тоа што овој празник се празнува почесто кај помладата популација и постарите знаат да ги изненадат своите партнери со букет цвеќе, бонбониера, шише вино…. Во продавниците каде се продаваат подароци кои укажуваат на љубов како цвеќиња, мечиња, балони, чоколади и парфеми… можеа да се забележат гужви кои другите денови ги нема. Освен во специјализираните продавници подароци за Свети Валентин, има и во сите поголеми маркети, каде што цели штандови се наредени со мечиња, балони, рамки за слики, бонбониери и најразлични пијалаци.

– Се купуваат најразлични подароци, но најчесто букет цвеќе. Цената на еден букет од три црвени ружи чини 750 денари. Од цвеќињата за Свети Валентин најчесто се купува „вечната ружа“, која трае од 3 до 4 години и чини од 1.400 до 1.500 денари во зависност од декорацијата. Малку поевтина варијанта се балони со хелиум, која во зависност од големината чинат од 150 денари на стапче на кој пишува „Те сакам“. Исто така правиме и најразлични аранжмани со плишано мече, срциња, балони… кои чинат од 600 денари па нагоре, велат од „Купи момент“.

И во другите продавници, каде што се продаваат подароци за Свети Валентин, велат дека има најразлични подароци, а цените се движат од 100 денари па нагоре. Велат дека цените за разлика од лани се зголемени за околу 20 отсто. Така, на пример, најевтино може да си поминете со бонбониера во форма на срце која чини 100 денари.

Во маркетите најчесто се купува вино, а цените се движат од 150 денари, па нагоре. Исто така има голем избор на други подароци со кои партнерите можат да ја искажат својата љубов. На дел од нив пишува „Те сакам“, срциња и други симболи. Поголем дел од подароците кои се подаруваат за овој празник се во црвена боја, која е симбол на љубовта.

Поголем дел од граѓаните велат дека го празнуваат Свети Валентин и оти на партнерот му подаруваат по некоја ситница со која му ја покажуваат љубовта и вниманието. Велат дека најчесто купуваат подароци кои укажуваат на љубов како цвеќиња, вино, чоколади и парфеми….Но, има и такви кои за овој празник сакаат да подарат некоја убава книга со љубовна содржина.

Инаку, Свети Валентин е ден на кој вљубените ја изразуваат нивната љубов меѓусебно со подарување подароци, а некои од паровите излегуваат на вечера и така го прославуваат Денот на вљубените.

Свети Валентин се прославува насекаде во светот, а традиционално, црвените рози остануваат најбарани за околу 80 до 90 отсто од дамите. Неколку недели пред 14 февруари, милиони рози тргнаа од големите светски оранжерии до пазарите, а испораките се барем 5-6 пати поголеми од стандардните.

Годинава, пак, инфлацијата го погоди и производството и трговијата со цвеќе. Растот започнува од големите светски берзи и стигнува до пазарите во Европа.

-Сметките за енергија и транспорт пораснаа најмногу во секторот во текот на минатата година. И тука отпаѓаат најмалку 60-70 отсто од трошоците. Затоа поскапувањето на розите за овој Ден на вљубените е неизбежно, велат трговците.

(А.С.)