Цените на угостителските услуги зголемени за 14,8 отсто

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во споредба со декември 2022 година, е зголемен за 0.7 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.9 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Ноќевања за 0.2 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 14.8 %.