Окружниот суд на САД во Менхетн одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх Малофеев

81

Окружниот суд на САД во Менхетен, државата Њујорк, денеска донесе одлука дека американското обвинителство е овластено да го конфискува имотот на рускиот олигарх Константин Малофеев вреден околу 5,4 милиони долари, што би можел да се искористи за обнова на Украина.

Пресудата на американскиот окружен судија Пол Гардоф е прва судска одлука за конфискација на имотот на руски државјанин кој бил ставен на американската листа на санкционирани руски олигарси и деловни субјекти.

По избувнувањето на конфликтот во Украина, американското Министерство за правда формираше работна група со цел да изврши финансиски притисок врз блиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин.