epa10439338 Denmark's team celebrate with the trophy after winning the IHF Men's World Championship handball final match between Denmark and France, in Stockholm, Sweden, 29 January 2023. EPA-EFE/Jessica Gow SWEDEN OUT

Во финалето на Светското ракометно првенство во Стокхолм, репрезентацијата на Данска пред 22.650 гледачи ја победи Франција со 34:29 и ја осови третата последователна титула, со која испишаа историја.

Но , иако финалето беше проследено со големо славје на данските играчи, петмината беа шокирани од одлуката на Светската ракометна федерација (ИХФ). Имено, пет дански ракометари по финалето мораа да подлегнат на допинг контрола и со тоа го пропуштија главниот дел од прославата.

Еден од нив беше и Хенрик Мелгард кој упати прилично остра критика на сметка на ИХФ.

-Не тестираа петмина, не можам да сфатам дека тоа не можеше да се направи за време на турнирот наместо сега, по финалето, кога треба да славиме сите заедно. Можевме да го направиме ова во секое време во претходните денови, на пример во сабота, кога сите имавме многу повеќе време. За овие четири недели мораа да се организираат токму сега, без најава, за да ни ја расипат прославата. Но, ајде, нема да дозволам ова да ми го намали духот. Не очекува лудо славје’, изјави данскиот ракометар.

Досега се има случено шест пати една од репрезентациите да ја одбрани светската титула. Французите двапати успеа во тоа  (2009-2011, 2015-2017), Романците (1961-1964, 1970-1974), и по еднаш Швеѓаните (1954-1958) и Данците (2019 – 2021.). Но, Данска сега станаа прва во историјата што има три последователни светски титули. Серијата ја започнаа во 2019 година во Данска и Германија, две години подоцна победија во Египет, а сега на Светското првенство во Шведска и Полска.