По деветнаесетти пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со ИТМ денеска ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.
Крводарителската акција ќе се реализира во периодот од 09 до 17 часотво холот на Дом на АРМ.
-Оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5.300 единици крв- соопштија од Црвениот крст на Град Скопје.